Oбвинение за Никола Груевски и Орце Камчев за случајот „Плацеви на Водно“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт за случајот „Плацеви на Водно“ против поранешниот премиер Никола Груевски кому му се става на товар дека сторил кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело и бизнисменот Орце Камчев за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно” e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите. Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување, соопштија од Кривичен суд.

Според Обвинителството, плацовите на Водно кај Шестата управа се платени 1,3 милион евра, пари од донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да ги внесе во партиската каса, Груевски ги инвестирал во земјиштето на Водно.

Oбвинителот ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривична постапка бара продолжување на притворот за бизнисменот Орце Камчев, притвор за експремиерот Никола Груевски по неговото пронаоѓање. Мерки на претпазливост за како што известија од судот беа побарани и за осомничените Н.Ј. и Р.К.К.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This