OБВИНET ЗА 27.АПРИЛ СВЕДОЧИ: Се подготвуваа мoлoтови коктели за да се фрлат врз канцеларијата на ДИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку месеци пред упадот во Собранието, зградата на ДИК требало да се нападне со молотови коктели, за да се издејствува приговорите на ВМРО-ДПМНЕ да се прифатат, а кои беа поднесени по парламентарните избори во 2016 година.

Ова сценарио денеска пред судот, на судењето за 27 април го откри обвинетиот Михаил Младеновски, а пред него сведочеше и неговиот брат Стефан Младеноски.

Обвинетиот Михаил Младеновски посочи дека зад оваа идеја стоеле високи функционери во УБК.

-Во 2016 година се запознав со Владимир Атанасов, директорот на УБК, и тоа во кафичот Аристократ, преку Александар Василевски Нинџа. Тогаш Нинџа ми кажа дека Владимир е негов личен пријател и дека откако тој е на чело на УБК ќе добие моќ од аспект на користење на ресурси, односно логистика од одредени функционери, сведочеше Младеновски.

Тој појасни дека по завршувањето на изборите, следувале приговорите пред ДИК, кога се добило насока дека треба да се изврши притисок врз ДИК за да одредени приговори одат во полза на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден ден пред протестот во ДИК, имавме средба во кафичот Аристократ. На средбата присуствуваа функционери од УБК, односно директорот Владимир Атанасовски, Никола Бошковски, кој е во бегство во Грција, Дејан Димковски Боксер, вработен во Петтата управа, Мери, од кабинетот на директорот на УБК, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, а бев и јас. Тогаш ни беше кажано дека треба да се оди пред ДИК, да има машка популација која ќе стои во првите редови и по одредена насока ќе треба да се дејствува со молотови коктели врз зградата, рече Младеновски.

Тој откри дека за оваа тема комуницирале и на вибер, но се користеле шифри.

-Шифрата на Нинџа беше “самурај”. Имаше и шифри за сценаријата. Шифрата 1 значеше дека вечерта ќе се дејствува кон зградата на ДИК, односно да се фрлат молотовите коктели, кои беа оставени во паркот кај едни грмушки. Шифрата 0 беше да не се дејствува, а така и се случи, откри обвинетиот Младеновски.

Извор
Фокус.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This