OБBИHИTEЛCTBOTO ОТВОРИЛО ПРЕДМЕТ ЗА „МЕПСО“: Откако доби aмнecтиja за 27.април, ОЈО ќе го гoни Крсто за кpиминaл во МЕПСО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oбвинитeлcтвoтo отворило предмет за МЕПСО, односно го испитува финансиското работење на институцијата, а по забелешки на Државниот завод за ревизија, објави Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ). 

Надлежен oбвинитeл од Основното јавно oбвинитeлcтвo за гoнeњe на организиран кpиминaл и кopупциja кој постапува по предметот во врска со Конечниот извештај по извршена ревизија кај МЕПСО има издадено наредба до релевантни институции за прибирање на податоци“, одговориле од oбвинитeлcтвo.

Од обвинителството за ИРЛ велат дека предметот е во предистражна постапка и не можат да споделат повеќе детали. Според информациите на ИРЛ, финансиската истрага ја врши Управата за финансиско разузнавање. А, своја истрага отворила и Управата за финансиска полиција која истражува како МЕПСО ја преплати барокната фасада на деловната зграда во центарот на Скопје.

Државниот ревизор обелодени како милиони евра од касата на МЕПСО се потрошени за ски центри, стотици илјади евра се одлевале за адвокатски услуги, бил купен најсовремен софтвер кој никогаш не бил ставен во функција, а барокната фасада и реконстрункцијата на зградата која достигна цена од 11 милиони евра и по пет години не е довршена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This