Oбeзбeдeни ce 23 милиoни дeнapи зa вaучepи зa туpизaм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети коишто се пријавија на јавниот повик на Министерството за економија.

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи коишто аплицираа на Јавниот повик. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, досега се издадени 1.250 ваучери од 12.000 денари за туризам во вредност од 15 милиони денари колку што беа предвидени во програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи.

– На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети коишто се пријавија на Јавниот повик на Министерството за економија. Поддршката на туристичкиот сектор е наш приоритет – вели Бектеши.

Според Јавниот повик, потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи можеа да добијат сите граѓани чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари и кои аплицираа на јавниот повик кој беше објавен на 8 јуни 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This