Oвaa зeмja вo ЕУ ги нaмaли kaзнитe зa вoзaчитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенија го донесе новиот „Закон за сообраќајни правила на патиштата“, кој носи многу новини, а секако одат во корист на возачите во земјата.

Во Словенија од сега електричен тротинет може да возите по коловоз, не само по велосипедските патеки.

Казните за пребрзо возење (само каде што ограничувањето е 50 км/час), со новиот закон се намалени и тоа многу.

Казната за пречекорување на брзината до 10 км на час сега е 40 евра (претходно беше 80). Пречекорување од 20 до 30 км на час наместо 250 евра, сега се плаќа 120 евра.

Интересно намалување има и за поголеми пречекорување, па дури и оној од 30 до 50 км на час, па наместо сегашните 1000, сега се плаќа 750 евра.

Најголемо внимание е кон одредбата со која е овозможено вртење на десно и на црвено светло. Општините добиле овластување на локалните сообраќајници да стават знак во облик на зелена стрелка за вртење десно. Но, во таа ситуација возачот мора да внимава, да се увери дека може безбедно да го направи тоа.

Но, има и некои казни кои се зголемени. Така за мобилен телефон сега ќе треба да се плати казна од 250 евра, наместо сегашните 150. Исто така се зголеми и казната за паркирање на место за инвалиди од 80 на 200 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This