Oдлoжeнo poчиштeтo зa „Opгaнизaтopитe нa 27 aпpил“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието што требаше да се одржи денеска е одложено за 5 март, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27-ми април 2017 год. кои се случија во Собранието на РСМ, ја информираме јавноста дека денешната расправа се одлага со оглед да е насроечна расправа за предметот К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, каде постапува ист судија – член на судечки совет, се наведува во соопштението објавено на веб страната на Судот.Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. 

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This