Oд вторник започнува исплатата на јунските пензии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.06.2021 година. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.06.2021 година.

Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This