Oд наредната година секcyaлно обpaзование во училиштата, започнува од 8-мо одделение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири училишта од рурална и урбана средина ќе бидат избрани за пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО), која треба да стартува од септември 2021, вели Бојан Јовановски од Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, откако Владата на последната седница донесе одлука за воведување ваква пилот-програма.

Пилот-програмата е резултат на двегодишната работа на работната група при Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за финансии и ХЕРА за идентификување на национални стратегии за подобрување на содржината на сексуалното образование во наставата.

Јованoвски вели дека сѐ уште немаат конечен назив како ќе се вика предметот за сеопфатно сексуално образование (ССО), но дека ќе биде изборен предмет за учениците во осмо и деветто одделние. Предметот нема да се оценува бројчано, а би го предавале наставници и/или претставници на стручните служби на училиштата, кои доброволно би се пријавиле за обука и негово спроведување. Се предлага предметот да има вкупен фонд од 36 часа годишнo. Училиштата сѐ уште не се познати, нив ќе ги избере Бирото, кој е носечка институција на проектот, но се знае дека тие треба да имаат меѓуетнички диверзитет.

Јовановски и Цветковска кажаа дека од ХЕРА спровеле истражување за јавното мислење меѓу родителите за воведување на нови содржии во настават и оти се изненадени од позитивниот одзив 

„Сеопфатно сексуално образование опфаќа учење за когнитивниот, емоционалниот, социјалниот и физичкиот аспект на сексуалноста. Сексуалното обраозование започнува рано во детството и продолжува низ адолесенцијата и зрелоста. Опфаќа седум компоменти: род, врски и односи, тело и слика за телото, сексуално и репродуктивно здравје, сексуалност и сексуално однесување, насилство и граѓански аспекти“, вели Мери Цветковска од ХЕРА.

Според Јовановски, сексуалното образование не се однесува само на биомедицинските аспекти, туку опфаќа многу различни компонети, како на пример за родовите стереотипи, за нееднаквиот третман на жените во општеството, за телото, за сликите, за здравствените аспекти, како да се користат кондоми, каде да се купи контрацепција, за насилството.

Во однос на тоа кои професори ќе предаваат, Јовановски вели дека професорите и стручните лица кои имаат интерес ќе може самоиницијативно да се пријават.

„Тие ќе треба да поминат соодветна обука по прирачникот кој ние веќе го изработивме за наставници. Откако ќе ја поминат обуката, за кое е задолжено Бирото, ќе бидат сертифицирани и обучени, ќе можат да почнат да предаваат во тие одредени училишта. Важно е да се напомене дека таа програма ќе ја предаваат наставници кои ќе имаат желба, а не како ќе им се наметне. Различна е мотивацијата во училиштата, некаде е психологот помотивиран, некаде професорот по биологија, на трето место професорот по физичко“, кажа Јовановски.

Тој додава дека Бирото заедно со ХЕРА формирале експертска група од 22 лица, кои работеле на каков модел треба да има сексуалното образование. Разгледале шест-седум модели како на пример: модел во однос на задолжително обраозование, модел во однос на изборен предмет, модел во дисперзирани теми и предмети, дали наставниците да бидат психолози, педагози или по биологија.

„Експертите се согласија дека пилот-програмата треба да биде воведена како изборен предмет засега, имајќи предвид какви се реформите во образованието и какви се капацитетие на училиштата“, додава Јовановски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This