OД ПЕТОК ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта во источните делови. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до пет степени.

Од петок се очекува значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе услови топење на снежната покривка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This