Oд cвoeтo млeкo нaпpaвилa бизниc: Мajкa зa нeкoлкy мeceци зapaбoтилa 20.000 дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е еден од најнеобичните примери за тоа како луѓето денес заработуваат пари за живот…

Случајот со една мајка од Флорида не е осамен, но таа заработила неверојатна сума на пари од она со што се „занимава“. Имено, Џули Денис која веќе има две деца, се согласила да биде сурогат мајка.

По породувањето, одлучила да го продава своето млеко преку интернет на непознати луѓе. Вели дека, сега се срами од својата постапка, а сето тоа започнало затоа што сакала да го дополни домашниот буџет. Оваа идеја навистина и се исплатена, особено во време на корона кризата.

Преку сопственото млеко, со кое првобитна го доела сурагат бебето во текот на тие шест месеци, успеала да заработи скоро 20.000 долари, пишува „Мирор“. За математиката да ви биде уште појасна, ова се нејзините точни пресметки: Џули продава 28 грама млеко за 90 американски центи на жените кои немаат свое млеко, а не сакаат на децата да им даваат купено.

Како наставничка во училиште има релативно ниска плата, па во ова видела шанса за добро да заработи и да го обезбеди семејството. Како што вели „производството“ на млеко е „работа со полно работно време“.

„Дневно поминувам по неколку часа со пумпицата, одвоена од своето семејството“ – вели Џули, која поради ова со што се занимава сега е мета за многумина. Додека едни зборуваат дека тоа не е нормално, а други се прашуваат „зошто би заработувала пари од нешто што е бесплатно?“, таа вели дека „не е сѐ во парите и дека сака да им помогне на луѓето кои се во неволја“.

„Не знам зошто луѓето мислат дека мајчиното млеко треба да биде бесплатно, кога тоа во прав, од продавница, мораат да го платат. Освен тоа, на секои шест до осум недели морам да ги менувам деловите на пумпицата, а тоа чини. Морам да ги менувам и стерилизаторите“ – наведува оваа Американка.

За тоа дека од своето млеко дефинитивно направила бизнис, сведочат и фотографиите кои „патуваат“ на социјалните мрежи. Џули месечно „испумпува“ повеќе од 400 литри млеко кое го складира во својот замрзнувач и го испорачува ширум светот во кутии кои се исполнети со лед, за да не дојде до расипување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This