Оливер Спасовски, еден од најсериозните кандидати од СДСМ за Претседател на државата, по синоќешната одлука на Владеачката Коалиција предводена од СДСМ и со поддршка на ДУИ за концензуален кандидат да биде Стево Пендаровски, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук каде што испрати јасна порака и поддршка за Пендаровски.
Спасовски напиша:
Се обединивме повторно! Сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби Бошњаци и сите други!
За прв пат во македонската историја – различните застануваат зад еден кандидат.
Застануваме СИТЕ ПОЗАДИ Stevo Pendarovski натпартиски, европски, граѓански – пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република С Македонија!
Стево е човек кој одамна донесе одлука да влече НАПРЕД наместо НАЗАД!
ДА ЖИВЕЕ НАШЕТО ЗАЕДНИШТВО!