OПЕPИРAЛ ВО ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ВАЛАНДОВО: Едно лицe заработи пpитвop заради извршени кpaжби​

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавен обвинител од Основното јавно бвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека го сторилo кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од 03.01.2020 година до 24.05.2020 година, осомичениот во 12 наврати со умисла преку временски поврзани дејствија повеќекратно извршил кражби. Тој со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи слични прилики, со провалување влегол во деловни и приватни објекти на 12 оштетени физички и правни лица од Гевгелија, Богданци и Валандово и одземал предмети со намера истите противправно да ги присвои. Делата ги вршел со насилно отворање врати или прозори на приватни и деловни објекти, од кои потоа одземал парични средства и предмети.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, односно дека осомничениот нема да биде достапен на органите на прогонот, а имајќи ја предвид тежината на стореното криивчно дело и запретената казна, јавниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This