Oткриени низа нepeгуларности: Плaгијатите не се единствениот проблeм на Тетовскиот Универзитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Државниот Тетовски универзитет не е само прашањето за плагијатурата, туку Државниот инспекторат на МОН од извршените контроли се очекува да излезе и во врска со други нерегуларности. Ова го најави заменик министерот за образование во текот на денешниот ден на прашањето до каде е извештајот на Инспекторатот на МОН за извршената контрола на Тетовскиот Универзитет, пишува ТВ21

„Во моментов ги чекаме нивните извештаи. Откако тие ќе излезат со извештаите, ќе отидеме, ќе преземеме други чекори согласно законот и правилниците. Не е само плагијатурата, се најавува дека има повеќе нерегуларности на нивоа на Државниот Тетовски универзитет. Ќе ги разгледаме една по една и според ситуацијата ќе реагираме“, посочи Арафат Шабани.

ТВ21 денеска контактираше и со инспектор од овој инспекторат, но од таму ни рекоа дека се уште не завршиле со разгледување на документацијата земена на Тетовску универзитет и истата се преведува. Откако ќе заврши целиот превод ќе се излезе со детален извештај за тоа што е утврдено од вонредната контрола на ТУ.

Оваа истрага започна по објавувањето на едно истражување дека на околу 10 професори од овој универзитет, односно од Медицинскиот факултет, нивните научни трудови се плагијати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This