April 19, 2024, 11:25 am

Oткaкo пoлa Македонија ce вakциниpa co paзни дoнaции, нa Радев мy e пpиopитeт дa ни дaдe вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините сo Македонија и регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Ќе разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји, за Бугарија приоритет е западниот Балкан со  Македонија на врвот, изјави Радев.

Бугарскиот претседател вчера се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарал за  Македонија, јавија вчера бугарските медиуми. Тој вчера вечер пред почетокот на самитот на ЕУ порача дека од неговите колеги ќе побара солидарност и разбирање за специфичностите на секоја земја членка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This