Oткpиeнa нajгoлeмaтa и нajпpoфecиoнaлнaтa нeлeгaлнa лaбopaтopиja зa cинтeтичкa дpoгa – еве во кoja зeмja ce нaoѓa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На југот на Холандија, полицијата ја откри најголемата и најпрофесионалната нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога метамфетамин, откриена досега во земјата. Според полицискиот извештај, дешифрирањето на пораките од шифриран разговор им помогнало на органите на прогонот да стигнат до криминалците.

Лабораторијата за наркотици е сместена во две магацини лоцирани во близина на селото Недерверт во провинцијата Лимбург. Има капацитет да произведува до 100 кг метамфетамини дневно. Приходите од прометот на таков обем може да достигнат еден милион евра, објави Дојче веле.

На самото место е приведен 62-годишен полски државјанин. Полицијата не исклучува дека во блиска иднина може да има и други притвори.

Поради нејзината големина, демонтажата на лабораторијата се очекува да заврши во наредните денови. Се уште не е познато кога почнала да работи илегалната лабораторија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This