March 29, 2024, 12:34 am

Oткpиeнa пpичинaтa зa koбнaтa нecpeќa вo кoja зaгинa Коби Брајант

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повеќе од една година, објавен е официјалниот извештај за падот на хеликоптерот, кој на 26 јануари 2020 година го однесе до смрт Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и уште седум члена, вклучувајќи го и пилотот Ару Зобајан.

Истражителите утврдиле дека само пилотот, кој летал во облаците, е виновен за падот на хеликоптерот, иако тоа е забрането со закон. Исто така, во извештајот, кој има повеќе од 600 страници, се наведува дека пилотот најверојатно ја изгубил ориентацијата непосредно пред ударот во планините Калабаза. Утврдено е дека хеликоптерот немал механички дефекти и се очекува по оваа несреќа и извештајот, Федералната агенција за авијација во САД да даде препораки со цел да се избегнат несреќи од ваков тип во иднина.

Во минатото имаше гласини дека несреќата можела да се избегне доколку хеликоптерот имал уред за скенирање на површината и утврдување на растојанието помеѓу земјата и леталото, но за време на откривањето на извештајот беше речено дека таков уред не биле од помош во несреќата во која загинаа Брајант.

Ридскиот терен во комбинација со просторната дезориентација на пилотите во облаците беше збунувачки фактор. Пилотот не знаел по кој пат оди, истакна главниот истражувач Бил Инглиш.

Истражителите, исто така, го обвиниле Зобајан за движење налево, наместо да се обидел да се искачи повисоко и да се извлече од лошите временски услови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This