O2 ИНИЦИЈАТИВА: Доста глумите загриженост, не ви успеа во ниедна друг сегмент, но го направивте Скопје лидер во аерозагадувањето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Она што не ви успеа во ниту една друга сфера, во ниту еден друг сегмент на живеењето во 21 век, ви успеа вчера: направивте Скопје да е лидер, да остави зад себе 4.415 градови (според World atlas) и биде НАЈЗАГАДЕНИОТ ГРАД НА СВЕТОТ, велат од О2 иницијативата. 

Оваа табела и оваа мапа со црнила врз нашата држава секако ќе бидат запаметени и искористени во некои следни предизборни кампањи, во кои пак ќе нè убедувате дека правите план за планот за справување со загадување, дека ете само што не профункционирал, дека некој трет е крив за загадениот воздух, води и почви.

Фактичката состојба е дека сега требаше да прогласите алармантна состојба, да ви работеа мерните инструменти во сите станици (покрај измерените и прикажани вредности од 500, 600, 700 пм10 и ПМ 2,5 честици) податоците ќе беа уште толку подраматични што веројатно нашите партнери од регионот, ќе понудеа помош да не изолираат, или да не земат на проучување во нивните референтни лаборатории, затоа што е просто неверојатно како луѓе живеат во вакви услови, па уште и одгледуваат потомство и размислуваат за иднината.

Фактичката состојба е дека не можете ( и не сакате) да ги објасните главните пикови, да ги откриете, казните и отстраните главните загадувачи, да престанете да глумите дека не гледате и не знаете кои се главните причинители (иако во јавноста постојат сомневања). Најлесно е вината да се истури само врз домаќинствата, иако фактичката состојба е дека со една здрава анализа, ќе утврдите дека според вашиов план за справување со загадувањето ќе ни требаат 74 години да го намалиме на пола? Зошто? Затоа што толку за 2019 планирате само кај 1100 домаќинства во Скопје, Битола и Тетово да го смените начинот на греење, а статистиката вели дека само во Скопје има 52.000 домаќинства кои треба да се префрлат на алтернативни, незагадувачки начини на греење. За каков план зборувате? За какви црни стратешки цели, кога сте го стиснале џебот со пари ко ваш да е, а не на граѓаните на кои треба животот да им го спасите.

Фактичката состојба е дека од законот ја исфрливте Стратегиската оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето, зошто нели зградите, моловите, катните гаражи ич не го попречуваат струењето на воздухот во котлинава каде се гушиме. Само нека се гради и тоа малце ветер кога ни дува, и тоа да го сопреме.

Фактичката состојба е дека немате ниту сериозна волја, ниту сериозен капацитет за да се справите со оваа опасност по живот и здравје и со оваа брука што и ја наметнувате на својата држава и нејзиниот главен град.

Немате ниту план, ниту анализи, ниту волја, ниту луѓе да го решите овој, за граѓаните, не за вас, најголем проблем.
И затоа треба да си поднесете оставки и да не глумите загриженост!

https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/1996935813757069

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This