O2 ПУШТИ 5G ВО ТРИНАЕСЕТ БРИТАНСКИ ГРАДОВИ: Мрежата беше пуштена на последниот ден од 2019 година и ја оствари својата цел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

O2 пушти 5G во 13 нови градови на последниот ден од 2019 година и ја оствари својата цел оваа мрежа од новата генерација да биде достапна во 20 градови пред почетокот на 2020 година.

Мрежата од новата генерација беше лaнcирaнa во Манчестер, Бирмингем, Глазгов, Ливерпул, Њукасл, Бредфорд, Шефилд, Ковентри, Нотингем, Норвич, Бристол, Дерби и Стоук.

Од телеком компанијата велат дека планираат 5G мрежата да стане достапна во 50 локации до ова лето, вклучувајќи ги и Виндзор и Блекпул. O2 по прв пат ја пушти 5G мрежата во октомври минатата година во седум градови во Велика Британија, меѓу кои Лондон, Белфаст, Кардиф и Единбург.

Единствената друга локација на која е достапна 5G надвор од овие 20 градови е седиштето на O2 во градот Слоу.

Очекувањата седека 5G ќе биде до 1.000 пати побрза отколку моменталниот мрежен стандард 4G. Тоа значи дека времето потребно за симнување на еден филм во висока резолуција ќе биде само 0,6 секунди на 5G во споредба со 60 секунди на 4G. Сепак, според некои истражувања, корисниците на телефони не се толку расположени за преминување на 5G, а само 19% од нив веруваат дека со новиот мрежен стандард ќе се подобри конективноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This