Ocмaни: Toa што Maкeдонија нe ги пoчнa пpeговopите е нeycпex и нa EУ

Поврзано

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Во А1 СЦ Борис Трајковски утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ, како дел од критичната инфраструктура...

Груевски најави нова фабрика на Кемет Електроникс во Македонија

Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ...

Ќe имa и kpивички приjaви пpoтив бетонизациjaтa нa цeнтpaлното гpaдcко подpaчје

Бетонизацијата на Скопје, надвор од пропис и надвор од јавниот интерес за загадувањето и екологијата на градот ја одобрија...
- Advertisement -

Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива. И кога велам нема алтернатива не мислам само за нас за земјите од Западен Балкан, туку и за нив државите од ЕУ. Без разлика на предизвиците со кои сме соочени, без разлика на актуелната политичка конјуктура, процесот на заокружување и комплетирање на ЕУ е неминовност и затоа тука не се поставува прашањето дали, туку кога.

Ова го порача шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-сконференција днеска во Подгорица со неговиот домаќин и црногорски колега Ѓорѓе Радуловиќ

– Процесот на проширување на ЕУ или поточно да се изразам на комплетирање на ЕУ нема алтернатива. Ако ги погледнеме границите на ЕУ ќе забележиме дека Западниот Балкан е заокружен со земји членки на ЕУ, споделуваме заедничка традиција, заедничко културно и историско наследство. Денеска ги споделуваме и истите заеднички интереси и предизвици, како и земјите на ЕУ. Истовремено сите имаме заеднички амбиции за иднината на обединета Европа, а тоа е безбедна, стабилна и просперитетна иднина на ЕУ, рече шефот на дипломатијата Османи.

Во контекст на оваа тема, додаде тој, ние Црна Гора ја гледаме како убав пример, вистински претходник во процесот на преговори и приближување кон ЕУ. Порано како предводник на европските интеграции наа Македонија, а денес како шеф на дфипломатијата продолжувам со размена на информации и искуства и со амбиција да стекнеме што повеќе од црногорското искуство во процесот на преговорите со ЕУ за да поподготвени го пречекаме почетокот на преговорите, истакна Османи.

– Со оглед на напредокот и подготвеноста сметам дека Македонија требаше да ги почне преговорите за време на германското претседателство минатата година и овој неуспех го сметам во најмала рака заеднички неуспех и на ЕУ иако тоа беше силна порака која предизвика длабоко разочарување, но сепак тоа не не обесхрабри и како што гледате активно продолжуваме да придонесуваме во европската идеја на Балканот и за европската перспектива како на нашата земја така и на целиот регион, рече Османи.

Latest News

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...

More Articles Like This