Ocмани добил нoн-пejпер: Еве што треба да направи Maкедонија ако caка почеток на преговорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски вели дека по заканите од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов Македонија требаше да реагира со протестна нота или со демарш.

Во синоќешното гостување на ТВ 24 Милошоски изрази загриженост дека Бугарија ги зајакнува своите позициии и дека прашање е на време кога ќе одлучи да ја блокира Македонија за ЕУ .

„Дали ќе биде на самиот старт или ќе го помести за некоја од следните фази во разговорите помеѓу Македонија и Европската комисија. На ова укажавме уште во март годинава кога се одржа советот на Европската унија и кога бугарската делегација успеа со подобра дипломатска активност да си додаде една изјава која стана составен дел од заклучоците на советот на Унијата и кој се однесува на јазикот. Дури и го оспоруваат и сменетото уставно име и тезата за ширење на државно спонзорирана антибугарска пропаганда“, рече Милошоски.

Милошоски уште рече дека има сознанија дека при неодамнешпната посетата Бујар Османи на Софија на средбата со колешката Захариева, министерот добил нон пејпер на кои се наведени условите под кои Бугарија би дозволила да почне меѓувладината конференција без да ја блокира Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This