April 23, 2024, 11:01 pm

Ocмaни и Гpyби во Тиpaна ja мотивиpaaт албанcкaтa диjacпopa дa ce пoпишe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува лоби мисијата на вицепремиерот Груби и министерот за надворешни Османи за попишување на дијаспората. По Косово, Груби денеска замина во Тирана да ја мотивира албанската дијаспора да се попише, додека Османи за тоа ќе ја искористи посетата на Брисел.

Во Тирана Груби се сретнал со претседателката на Социјалистичкото Движење за Интеграција

Моника Криемади од која побарал преку структурите на нејзината партија да ја покани ДИАСПОРАТА на Македонија што живее надвор од државата да се регистрира во пописот кој веќе е почнат од 1 март.

Груби претходно се пофали со успехот во мобилизацијата оти бил прифатен апелот на влијателните Албанци и само изминатиот ден биле регистрирани 23 илјади државјани на Македонија кои живеат во странство. Со тоа, бројката на лица од дијаспората кои се попишале надмина сто илјади, напиша Османи.

Дел од аналитичарите се сомневаат дека ваквите потези ќе го исполитизираат прашањето за пописот.

Во меѓувреме, поради ризик од ковид пандемијата, Србија го одложи пописот од април за октомври. Македонските власти засега не размислуваат за негово одложување како што синоќа потврди и премиерот Заев. Но Кржаловски пак дека смета дека редно е надлежните да подготват сценарио за попис наесен.

Преку апликацијата за самопопишување заклучно до утрово се евидентирани вкупно 121. 520 лица иселеници. Пописот во земјава пак треба да почне за десетина дена и ќе трае три недели..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This