OCТАНАЛ ЗАПPEПАСТЕН: 200 милиони евра се појавиле на сметката на еден Ирец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кевин Конвеј од Ирска си помислил дека Господ му ги слушнал молитвите кога скоро 200 милиони евра се појавиле на неговата банкарска сметка.

Збунетиот Ирец не знаел како да реагира, дали веднаш да си купи јахта и вила на Малдивите или да почека да види што ќе се случи. За жал претпоставката за лoшo сценарио му била точна.

Кога Кевин ја отворил неговата апликација за штедење пари видел дека биле депонирани 197.245.088 евра во неговиот „трезор“, што е метод за заштеда во рамките на апликацијата. Тој упорно отварал и затварал апликацијата бидејќи не му се верувало, затоа што на сметката требал да има нешто помалку од 200 евра.

За 2 часа парите од неговата сметка исчезнале и добил известување дека имало краток технички проблем со неговата апликација Revolut.

„Беше околу 15 часот или 16 часот во петокот минатата недела и ја проверив мојата апликација и рече дека имам биланс од 197 милиони евра. Потоа одеднаш ги снема. Не знаев што да правам. Се чешав за главата. Јас бев побогат за 200 милиони евра во рок од 2 часа.“, вели Кевин.

Revolut го опиша ова прашање како „привремена грешка“, додавајќи дека иако 200 милиони евра се појавиле на неговата сметка, Конвеј не би можел да ги повлече средствата од таа сметка.

Извор: motika.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This