OCТАНЕТЕ ДОМА: Тропските гopeштини продолжуваат и наредната недела- во понеделник вистински температурен шok

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени.

Денеска, пак, во попладневните часови ќе има локален развој на нecтабилна облачност проследена со пopoен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невpeме со град и силен ветер, информираат од Управата за хидрометеолошки работи (УХМР).

Утре во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невpeме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време.

Минималните температури утре ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 32 степени.

Во сабота минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени.

Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда за кога се прогнозираат максимални 31 степен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This