December 2, 2021, 4:20 am

Opбaн ја напpaви попapa EУ: Aкo нe нapaчавме вakцини од Kинa и Pycиja ceга ќе бeвмe без вakцини пopaди нecпocoбнocта нa EУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел целосно потфрли во снабдувањето со вакцини за коронавирус, додавајќи дека Унгарија сега ќе имаше големи проблеми доколку не порачала повеќе вакцини од Истокот, објави електронското издание на About Hungary.

Тој за локалната телевизија изјави дека додека Израел скоро завршил со вакцинирање на своето население, а Велика Британија вакцинирала 30-40 проценти од луѓето, просечната стапка на вакцинација во Европската унија е 6,8 проценти. Ова е јасен показател дека нешто не е во ред, рече премиерот Орбан. И ова не е политичко прашање или обвинување, ниту некаква антипатија кон бирократите во ЕУ или Брисел, туку факти. Тоа е вистината: тие целосно потфрлија.

Премиерот Орбан рече дека количините на вакцини нарачани од ЕУ варираат или воопшто не се испорачани во последните неколку недели. Запрашан за плановите на Австрија, Чешка, Словенија, Бугарија и Латвија за свикување самит на ЕУ за дистрибуција на вакцините, премиерот Орбан рече дека австрискиот канцелар имал право да разговара за ова прашање. Тој додаде дека и покрај тоа што земјите-членки се согласија да дистрибуираат вакцини пропорционално, тоа не се случи. Доколку Унгарија не порачаше 3,5 милиони вакцини од Кина и Русија, сега ќе имавме големи проблеми, рече премиерот Орбан.

Latest News

Вучиќ открива: Дeмонстpaнтите на пpoтecтот беа вoopyжени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за насилството што го предизвикаа демонстрантите на протестите при блокадата на патот...

More Articles Like This