Opбан со лекција за ЕУ: Целта ни е да ги заштитиме децата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска во Брисел изјави дека неговата земја не донела закон против ЛГБТ популацијата, туку дека тоа е закон за деца и нивните родители.

Доаѓајќи на самитот на ЕУ, тој им порача на сите прво да го прочитаат законот, а потоа да го критикуваат.

„Бев борец за слобода во комунистичкиот режим, каде хомосексуалноста беше казнива. Се борев за нивните права и слобода и ги бранев правата на хомосексуалците. Овој закон не е за тоа, туку за правата на децата и родителите“, рече Орбан.

Премиерот на Унгарија објасни дека неодамна усвоениот унгарски закон, кој предизвика многу критики во ЕУ, има за цел да им даде на родителите право да одлучат како ќе се образуваат нивните деца кога станува збор за сексуално образование.

Орбан рече дека овој закон не е на дневен ред на дводневниот самит на ЕУ во Брисел, но додаде дека е подготвен да разговара за овој закон со сите „кои ја почитуваат Унгарија“, вклучувајќи ја и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This