Opизoпpoизвoдитeлитe пoвтopнo гo блoкиpaа пaтoт Штип-Кочани: Бapaат итнa иcплaтa нa cyбвенциите и догoвop зa oткyпнитe цeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјоделците од кочанскиот регион денеска повторно излегоа на протест и со механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат Кочани – Штип. Рекоа дека на тој начин го изразуваат незадоволството од бавното решавање на состојбите во оризопроизводството и од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз.

Тиа бараат итна исплата на субвенциите и договор за откупните цени.

– Неопходен е итен ангажман од страна на Министерството за земјоделство. Прво да се исплатат редовните субвенциите за оризот до крајот на октомври, а потоа да се одржи заеднички состанок меѓу преставници од Владата и земјоделците за да се утврдат прифатливи откупни цени што не би биле пониски од 25 денари за килограм арпа. Кон ова упатуваат и состојбите и движењето на цените на оризот на берзите во Италија. Можеби дел од откупувачите се соочуваат со залихи од минатата година и затоа овде е потребна реакција од Владата со евентуален откуп за стокови резерви. Имаме и десетина други барања, за кои треба да се разговара, но ние сега го споменуваме она што сега е најбитно за земјоделците, истакна Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители.

Земјоделците се заканија со радикализирање на протестите и целосно блокирање на магистралниот пат ако надлежните не покажат подготвеност за исполнување на барањата. Добиле поддршка и од други земјоделски здруженија во државата, со најава за генерален штрајк на пошироко ниво.

-Сега сме во лоша финансиска состојба и не можеме да ги платиме трошоците за жетвата на оризот што веќе е почната. Не се ожнеани ниту пет отсто од површините, а дождот и лошите временски услови ќе ги пролонгираат активностите уште за најмалку десетина дена, така што и снег може да нè фати. Никој не сака да жнее без пари, а сопствениците на комбајни бараат да им се плати за услугата на рака, уште на нивата. Доаѓаме во ситуација тоа што сме го заработиле во минатите неколку години, сега да го потрошиме за да ги покриеме трошоците, па ќе нема од што да преживееме, истакна Аце Гацов, земјоделец од селото Жиганци.

Додека траеше протестот и блокадата, сообраќајот се одвиваше по едната коловозна лента на магистралниот пат, а полициските службеници наизменично ги пропуштаа возилата од двата правца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This