Pyсите ќе пykaaт пpви, на секoј koнвeнциoнaлeн нaпaд ќе вoзвpaтaт со нykлeapнo opyжje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ќе ги перцепира било кои балистички проектили кон нејзината територија како нуклеарен напад и ќе возврати со својот нуклеарен арсенал, предупреди војската во статија објавена во Петокот.

Строгото предупредување кое беше објавено во воениот весник Крашнава Звезда (Црвена Ѕвезда) е наменето кон САД, кои работат на развивање на оружје со голем дострел без нуклеарни боеви глави.

Артиклот ја следи објавата на Русија за полиса на нуклеарна одбрана што има во предвид користење на атомски оружја како одговор на тоа што би било конвенционален удар на критичните владини и воени инфрастуктури.

Во артиклот на Црвена Ѕвезда, ветеранските офицери на Руската војска; Генерал мајор Андреј Стерлин и Полковник Александар Крвапин изјавија дека нема да постои начин за да се препознае дали приближувачките балистички проектили се опремени со нуклеарна или конвенционална боева глава, и затоа војската ке го третира како нуклеарен напад.

„Било кој напаѓачки проектил ќе се перцепира како нуклеарна боева глава, Ивормацијата за лансирањето на проектилот ќе биде автоматски пренесена до Руското воено-политичко водство, кое ке одлучи за обемот на повратна акција со нуклеарни сили во зависност на ситуацијата во развивање„ пишува во изјавата.

Аргументот ги рефлектира долгогодишните грижи на Русија за развивање на оружје што би му дало на Вашингтон можност да елиминира клучни воени и владини објекти без да се потпира на атомски оружја.

Во линија со Руската воена докторина, новата нуклеарно одбрамбена полиса потврдува дека Русија би искористила нуклеарни оружја како одговор на нуклеарен напад или агресија со конвенционални оружја што би го „загрозиле самото постоење на државата“.

Документот со полисата е со детален опис на ситуациите што би поттикнале користење на нуклеарни оружја, вклучувајќи ги и користењето на нуклеарни оружја или други оружја за масовно уништување против Русија и нејзините сојузници.

Како додаток на тоа, документот изјаснува за прв пат дека Русија нема да го штеди нуклеарниот арсенал ако добие „сигурни информации“ за лансирање на балистички проектили кои целат кон нејзината територија или сојузниците, но и во случај на „непријателски удар на критично важни владини или воени објекти на Руската Федерација, со чие уништување би резултирало неможност на повратен удар со користење на нуклеарни сили“.

„Русија ја постави оваа „црвена линија“ и не препорачуваме некој да ја премине.Ако потенцијалниот непријател се осмели на такво нешто, одговорот ќе биде без сомнение погубно. Деталите за повратен напад, како, каде, зошто, кога и колку ке бидат одлучени од воено политичкото водство на Русија, во зависност од ситуацијата“- пишува весникот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This