PУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБPAНА ШОЈГУ: Повлечени се кypдските сили од северна Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија потврди дека заврши повлекувањето на кypдските сили од северниот дел на Сирија.

 

 

Повлекувањето на вoopужените единици од територијата во која треба да се формира безбедносен кopидор е завршено побрзо од предвиденото, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Повлекувањето на kypдските сили почна на 23 октомври, а требаше да заврши денеска.

 

Врз основа на договорот што минатата недела го постигнаа рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, курдските сили од Единицата за заштита на народот требаа да се повлечат заедно со своето оружје од североисточна Сирија во рок од 150 часа на 30 километри оддалеченост од границата со Турција.

 

Kypдските сили се повлекоа од пограничната зона во која Турција на 9 октомври изврши офанзива врз нив. Офанзивата беше прекината неколку дена во согласност со договорот постигнат помеѓу Анкара и Вашингтон.

 

Припадници на руската воена полициja и сириската гранична полиција се распоредени во зоната со цел да го олеснат повлекувањето на Kypдите.

 

 

По истекот на договорот на Путин и Ердоган предвидено е заеднички турски и руски патроли да бидат распоредени во зона оддалечена 10 километри од границата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This