PAЗPEШEHA РАШЕЛА МИЗРАХИ: Техничката влада го започна мандатот со изборни нepeгyлapнocти

  • February 15, 2020
  • Коментари

Со 62 гласови „За“ и 26 „Против“, Собранието на Р.Македонија по предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски во 3.48 минути изутринава ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи која раководеше со министерството 15-тина дена во рамки на техничката влада која треба да ги организира предвремените парламентарни избори закажани за 12.април годинава

Мизрахи беше разрешена по предлог на Владата на Р.Македонија, поточно по предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски бидејќи на прес-таблата во Министерството за труд и социјална политика пишувало Република Македонија, наместо Република С. Македонија.

Пратениците на опозицијата тврдеа дека техничката влада нема мандат да разрешува министри предложени од опозицијата за организирање на изборите, и дека на тој начин се губи смислата на техничката влада која треба да е составена од најголемите парламентарни партии, а на опозицијата и се одзема правото да врши контрола и надзор врз легитимноста на изборите и фер можноста на сите учесници без можност за манипулации.

Предлагачот Оливер Спасовски пак, тврдеше дека таа техничката влада има таков мандат, а со оглед на тоа што Мизрахи го прекршила Уставот поради непочитување на новото уставно име, ова е единствен можен исход.

Изборите започнуваат со изборни нерегуларности.

 

Претходно «