PAСПУШТЕН ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕТ: Претседателот ги распиша изборите

  • June 11, 2019

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос го прифати барањето од премиерот Алексис Ципрас за брзи предвремени избори и го раcпушти грчкиот парламент.

Со тоа се отвора пат изборите да се одржат на 7 јули. Одлуката за распишување на предвремените избори премиерот Ципрас ја донесе по изборите за европскиот парламент, кога неговата партија во Грција освои помалку гласови од опозициската Нова демократија. Редовниот термин за парламентарни избори во Грција беше оваа есен.

Претходно «
Следно »