PAДИКAЛИЗAЦИJA НА АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА: Најавуваат yдaр врз сите институции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако се откажа од пратеничките мандати албанската опозиција ја разгледува можоста да ги повлече градоначалниците и членовите на општиските совети низ целата земја.

Од опозицијата најавуваат дека нивнот став се очекува да се радикализира по најавениот голем национален протест закажан за 16 март.

„Бидете сигурни дека нaпaдот на опозицијата ќе биде 360 степени. Во сите институции, низ целиот општествен, политички и меѓународен простор. Ова ќе се одлучи по 16 март, кога ќе има голем пpoтест“, рече Дашамир Шехи, лидер на партијата Движење за национален развој, која е дел од обеднетата албанска опозиција.

Лидерот на Републиканската партија, Фатмир Медиу, посочи дека „опозицијата мора да стори се што бараат граѓаните за соборување на Рама“.

„Опозицијата ќе стори се што албанските граѓани сакаат за да ја вратат Албанија на потребниот пат, уставни, но истовремено и европски пат што е цел на сите Албанци, но за жал оваа Влада е препрека“, посочи Медиу.

Во врска со ставот на европските и американските партнери кои се против одлуката опозицијата да се откаже од пратеничките мандати, Шехи наведе дека опозицијата смета оти меѓународните претставници зазеле свој став, традиционален, класичен, каде пред демократијата се става стабилноста.

„Добро ги разбираме. Но, ние сметаме дека од денешната позиција на демократите, за разлика од онаа што беше пред три месеци, има огромен напредок. Тие почнаа да сфаќаат дека се додека е господинот Рама ќе има се помалку и помалку стабилност, се повеќе и повеќе дpoгa и организиран кpиминaл. Ние сме на пат да ги убедиме меѓународните претставници за оваа работа“, нагласи Шехи.

Обеднетата опозиција третиот масовен антивладин пpoтecт ќе го одржи в четврток пред Парламентот во Тирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This