Paзбиена kpиминална мpeжa сo лaжни вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата уапси 84 осомничени и заплени илјадници лажни вакцини против ковид-19 во рации во Кина и Јужна Африка. Ова се случува неколку недели откако шефот на Интерпол предупреди дека криминалните мрежи ќе се обидат да заработат од глобалната дистрибуција на вакцини.

Јужноафриканската полиција заплени 400 ампули, со околу 2 400 дози лажни вакцини во Гермистон, Гаутенг, заедно со голема количина со лажни маски од марката 3М.

Уапсени се државјанин на Замбија и тројца Кинези.

Во Рација во производствени простории во Кина, биле откриени и запленети 3 000 лажни вакцини и уапсени се 80 осомничени.

Кинеските власти веруваат дека разбиле организирана криминална група која ги правела лажните вакцини и ги дистрибуирала во странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This