„Paзочарaна сум од одлуката на Советот“: Ристоска се огласи откако не беше избрана за виш јавен oбвинител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ленче Ристоска не го крие своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.

„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување. Ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука“, изјави обвинителката Ленче Ристоска за „360 степени“ по одлуката на Советот на јавни обвинители да не биде избрана за виш јавен обвинител.

Во Вишото обвинителство во иднина ќе работат обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска, но и обвинителката Фатиме Фетаи откако не доби доволен број гласови да биде избрана за обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителите Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Катерина Коларевиќ, Наташа Поптрајкова се избрани за обвинители во Обвинителството за организиран криминал, односно ќе работат со Вилма Рускоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This