Pacтe бpoјoт нa нeвpaбoтeни..: Eвe кoлкy лицa изгyбилe paбoтa пopaди пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обесхрабрен работник е најновиот феномен кој корона кризата го донесе на македoнскиот пазар на труд. Тоа се луѓе кои изгубиле надеж дека воопшто можат да најдат работа. Податоците на статистика покажуваат дека од април до септември работа изгубиле околу 25.000 работници, но стапката на невработеност остана речиси иста. Според експертите, токму обесхрабреноста ќе треба да биде врвен приоритет на Владата оваа година, анализира Сител.

Жените, младите, неформалните работници беа први на удар на корона кризата. Во услови на затврени градинки и училишта, жените мораа да чуваат деца. Младите пак, најчесто се вработени на определено време, секој трет млад работник е со ваков статус.

Раст на бројот на невработени бележи и Агенцијата за вработување. Бројот на невработени од март до декември лани според нивата евиденција се зголемил за близу 50.000, но нивните податоци покажуваат дека само 17.000 од се директна последица на корона кризата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This