PAЗБOJHИШTBO ВО KAЗИHO КАЈ ГП „БЛАЦЕ“: И покрај снимките од камерите во kaзинoтo, paзбojницитe се уште нeдocтaпни за пoлициjaтaа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 22 ноември во казино на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце две лица со пиштоли, истрелан куршум и заканa одзеле пари и мобилни телефони.

„Пред пет часот наутро, две маскирани лица, со црн „пасат” без регистарски таблички, се паркираа пред казиното, со пиштоли влегоа во казиното и испукаа еден куршум. Според начинот на движење, начинот на кој ракуваа со пиштолите, се закануваа на гостите, очигледно е дека се работи за добро обучени, вешти лица, можеби и полицајци”, изјави тогаш за МКД.мк еден од вработените во казиното „Вегас”.

Според неговото сведочење се работи за голема пљачка, украдени биле близу 80.000 евра, но за среќа никој не бил повреден, вели тој.

Дваесетина дена потоа, од разбојниците нема ни трага ни глас. Снимките уште тогаш биле предадени на полицијата, па сопствениците на казиното очекуваат некаков резултат од нивната истрага.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This