September 24, 2021, 8:31 pm

Peбaлaнcoт нa Бyџeтoт нa днeвeн peд нa Koмиcиjaтa зa финaнcиpaњe и бyџeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието денеска ќе заседава собраниската Комисија за финансирање и буџет која ќе расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во второ читање.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции, додека вкупните расходи се на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари. Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.

Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП, а стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процент.

Според надлежните, ребалансот значи стабилизирање на економијата, а во него клучни сегменти се зголемувањето на капиталните инвестиции и продолжувањето на поддршката за стопанството. За опозицијата, пак, ребалансот е предизборен поткуп.

Latest News

Cилен зeмјотрес ја погoди Алјаска

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди градот Еидак во сојузната држава Алјаска, објави...

More Articles Like This