Peгиcтpиpaни 637 нoвoзapaзeни oд Koвид-19 вo Албанија, 12 пaциeнти пoчинaлe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последното деноноќие во Албанија битката со опасниот вирус ја загубиле 12 пациенти, меѓу нив и 29-годишно момче, што е трета жртва на возраст од 23 до 29-годишна возраст.

Според Министерството за здравство и социјална заштита во изминатото деноноќие забележан е благ пад на новозаразени, споредено со вчера.

-Од тестираните 2.657 сомнителни случаи, опасниот врус е дијагностициран кај 637 лица, што е 24 отсто од тестираните.Поголемот број од нив – 249 се во Тирана,која и понатаму останува главно жариште на болеста. Во списокот на оздравени внесени се 505 или 26.381 од вкупно заразените 50.637,информираше Министертвото.

Од Министертвото информираат дека од 20 декември ќе почне примената на брзите тестови во сите оптнски центри за јавно здравје. Примената на брзите тестови почна на седми овој месец но само во Тирана, како главно жариште на болеста. Најпрво беа обезбедени се 100.000 а деновиве траба да пристигнат уште 200.000 вакви тестови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This