March 29, 2024, 10:14 am

Peзyлтaти oд гoлeмo иcтpaжyвaњe: Двe тpeтини oд Индиjцитe имaaт aнтитeлa нa кopoнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две третини од жителите на Индија имаат антитела на коронавирусот, покажуваат објавените резултати од истражувањето кое е спроведено во јуни и јули, а опфаќа 29.000 луѓе од целата земја.

Четвртото по ред национално серолошко тестирање, со кое се анализира присутност на антитела на коронавирус во крвта, е спроведено во Индија и за прв пат вклучува деца.

Половина од вкупно 8691 деца на возраст од 6 фо 17 години не били позитивни на антитела.

Исто така, 67.6 отсто од возрасните се позитивни на антитела против коронавирус. Повеќе од 62 отсто од возрасните не се вакцинирани. Од почетокот на јули, само нешто повеќе од осум отсто од возрасните во Индија примиле две дози од вакцините.

Околу 400 милиони жители на Индија, од вкупно 1.4 милијарди, немаат антитела на коронавирус, вели истражувањето.

Бројот на дневни случаи на заразата паднал на најниско ниво во четиримесечниот период, после вториот бран кој го парализираше здравствениот систем во таа земја.

Но експертите ги предупредуваат властите да не ги отвораат пребрзо градовите и изразуваат загриженост поради големиот број на туристи кои ги посетуваат тамошните познати дестинации.

„Вториот бран се уште трае. Опасноста од ново масовно ширење на заразата е се уште присутна“, вели највисокиот владин советник, Винод Кумар Паул, на конференција за медиуми.

„Секое трето лица, без оглед на тоа каде се наоѓате се уште е изложено, знали пандемијата не е ни близу до завршена“, предупредува Кумар Паул.

Во склоп на истражувањето се тестирани 7252 здравствени работници, од нив 85 отсто имаат антитела накоронавирусот. На секој 10 здравствени работници само еден не е вакциниран.

Според истражувањата спроведени минатиот месец, во Мумваи најмалку половина од лицата помлади од 18 години биле во допир со висрусот и развиле антитела.

Некои експерти предупредуваат дека третиот бран би можел да ги погоди децата, со тоа Мумбаи им се приклучи уште некои градови во изградбата на големи педијатриски оддели, за здравствениот систем да биде подготвен доколку се оствари таквото сценарио, пишува Индекс.хр.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This