Peкopднa зaплeнa нa kokaин вo Малта: Дpoгaтa билa пpoнajдeнa вo контejнep co бaнaни штo тpeбaлa дa бидe иcпopaчaнa вo Словенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кокаин во вредност од 100 милиони евра е откриен во Малта, во контејнер со банани, што требал да биде испорачан во Словенија.

Запленети се рекордни 740 килограми кокаин, кој според проценките, преку улична продажба би донел заработка од 100 милиони евра, а контејнерот во кој била пронајдена дрогата бил на пат од Еквадор до Словенија, стои во објавата на царината во Малта.

Станува збор за рекордна заплена на кокаин во земјата, поголема од ланската заплена на 612 килограми дрога во брод кој патуваше на линија Еквадор-Колумбија-Либија.

Царината изјавила дека откривањето на дрогата е резултат на операција која траела подолго време. Пребарани биле 1080 кутии банани, од кои 37 кутии со банани содржеле вкупно 740 пакети со бела супстанца. Лабораториски било утврдено дека се работи за кокаин.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This