March 28, 2024, 11:10 am

Peчиcи 75 пpoцeнти oд Итaлијaнцитe гo oдoбpyваaт вoвeдyвaњeтo Koвид пpoпycници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси 75 проценти од Италијанците го одобруваат воведувањето санитарни пропусници и нивната широка употреба за борба против епидемијата со Ковид-19. Ова го покажува истражувањето на Институтот за истражување „Еуромедија“, чии податоци денеска ги објави весникот „Стампа“.

До неодамна, зелените пропусници беа задолжителни само за медицинскиот персонал. Од 1 септември, тие станаа задолжителни за наставниците во училиштата, како и за патниците на долги релации со воз, авион, брод или автобус.

Воведувањето таков документ за наставниците го одобруваат 76,1 отсто од испитаниците, а 21,4 отсто се против, 75,4 проценти од Италијанците се за негова употреба во транспортот, додека 21,9 проценти се против.

Во моментов, повеќе од 71 проценти од Италијанците постари од 12 години се целосно вакцинирани. Жртвите на коронавирусот во државата се повеќе од 129.000.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This