Peaкциja oд О2 Инициjaтивa: “3oштo нe ce нa cилa пpeпopaкитe и мepките вeќe нeкoлкy дeнa?”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По наглато зголемување на загаденоста на квалитетот на воздухот во Македонија, реагираше О2 Иницијативата. Зошто не се на на сила препораките и мерките веќе неколку дена? Нема алармирање, ниту најава..

Зошто денеска не се на сила препораките и мерките про надминат праг на алармирање на РМ10 честички во Кавадарци, Куманово и Битола? Министерство за животна средина и просторно планирањеNaser NurediniХристина Оџаклиеска

Од минатиот месец прагот на алармирање е 162.5 µg/m3 во текот на два последователни денови, нешто што не беше објавено, а требаше, од страна на МЖСПП.

За Скопје нема прогласување на прагот на алармирање, иако вредностите измерени во Лисиче се над 200 µg/m3 два дена по ред, зошто условот е две мерни станици да покажат вредности над 162.5 µg/m3 . Но, во функција не се инструментите за PM10 во Гази Баба и Ректорат, кои историски покажуваат високи вредности. И тоа е она на што ние укажувавме кога се формулираше ваквиот праг на алармирање во 2017, што во случај кога одредени мерни станици нема да се во функција во Скопје, како тогаш да се бара две мерни станици да покажат надминување и баравме овој услов да се измени, но не се прифати. И сега, наместо да имаме прогласување на надминување на прагот на алармирање за Скопје, ќе се тера како состојбата да е нормална, кога во ниту еден случај не е.

‼️Зошто денеска не се на сила препораките и мерките при надминат праг на алармирање за PM10 честички во Кавадарци,…

Posted by O2 Иницијатива on Friday, January 22, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This