April 25, 2024, 10:26 am

Pekордно високи температури регистрирани во западниот дел на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето држави во западниот дел на САД се соочуваат со топлотен бран и бележат високи температури трет ден по ред, што доведе до издавање на здравствени предупредувања и проблеми во електричната мрежа.

„Иако промената на времето донесе одредено олеснување во северните држави, вклучувајќи ги Монтана и Ајдахо, најлошото допрва следува за Калифорнија и југозападните делови на земјата“, рече метеорологот од американската национална метеоролошка служба, Ерик Шенинг, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Се наоѓаме во долготраен топлотен бран низ западниот дел на САД“, додаде тој.

Градот Солт Лејк Сити, во сојузната држава Јута, во вторникот регистрира температура од 42 Целзиусови степени, што е највисока температура од почетокот на водењето на евиденција во 1894 година.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за прекумерна топлина низ американскиот Запад, предупредувајќи дека ваквите услови можат да бидат опасни, дури и фатални.

Сепак, досега нема извештаи за смртни случаи како резултат на жештината.

„Обидете се да не поминувате премногу време надвор во најтоплиот дел од денот. Носете лесна облека, бидете хидрирани”, рече Шенинг, додавајќи дека жителите треба да внимаваат и на домашните миленици и да ги проверуваат постарите лица.

Издадено е предупредување за опасност од пожари во Аризона, Калифорнија, Невада и Јута.

Големи шумски пожари веќе ги зафатија Колорадо и Аризона.

Невообичаено силниот топлотен бран во доцната пролет е резултат на високиот притисок над југозападните пустини, велат метеоролозите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This