PEKETAРИТЕ СЕ ПОВИКУВАЛЕ И НА СТРАНСКИ АМБАСАДИ: Васил Димишков од име на Стефанова и неговата сестра ја pekетирал Ана Камчева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На третото рочиште за случајот Рекет сведочи Ана Камчева сопругата на Јордан Камчев која говори за тоа што се случувало деновите откако нејзиниот сопруг заврши во притвор за случајот Империја.

-Јордан доби решение за притвор на 10.11.2018-та година за предметот „Империја“ , неколку дена подоцна бев повикана телефонски од лицето Зоран Милевски кој што ми кажа дека има договорено средба со адвокатот Васил Димишков. Средбата беше реализирана од страна на Зоран Милевски. Тој ме чекаше кај поранешното министерство за правда, а од таму со негова кола се упативме во населбата Капиштец, негде после слаткарницата Гријаж има нови згради и таму беше канцеларијата на адвокатот Васил Димишков, вели Камчева.ж

Сумата која Васил Димишков ја побарал од Камчева за да нејзиниот сопруг добие олеснителни околнисти е вртоглава. Адвокатот Димишков наводно рекетирал од име на неговата сестра, судијката Весна Димишкова и обвинителката Лиле Стефанова, а се повикувал и на некои странски амбасади.

-На средбата бевме, јас, Зоран Милевски и Васил Димишков. На оваа средба Васил ми кажа дека претходно имал средби со Јордан Камчев каде што го предупредил или знаел дека некакво кривично дело за него ќе има и дека треба да соработува со него во однос на тоа дека кога би се случило тоа би имал многу поповолни за него. Сакам да напоменам дека јас за овие средби претходно не бев информирана од мојот сопруг и дека прв пат слушнав од Васил Димишков. Помеѓу другото тој ми рече дека неговата сестра која што беше судијка на претходна постапка, Весна Димшкова е во блиски односи со Специјалната јавна обвинителка, Лиле Стефанова дури повикувајќи се и на некој амбасади, а имено поради тоа што мојот сопруг излегол на насловна страна на Форбс и бил прогласен за еден од најбогатите Македонци он сега би му помогнал, но тоа би коштало 2-4-6 милиони евра, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This