PEMОНТ НА ЕУ: Никаков датум не треба да им се дава на Македонија и Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција инсистира дека блокот сè уште не е подготвен да разговара за можноста за прифаќање нови членки, покажуваат документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол „Bloomberg“.

Иако повеќето земји-членки го поддржуваат барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји.

Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург. Меморандумот на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ.

-Никаков датум за формални преговори не треба да им се дава на Албанија и Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата „методологија“, се вели во извештајот.

Поборниците за проширување тврдат дека изгледите за членство во ЕУ ќе помогнат во понатамошното прицврстување на проблематичниот западен регион, додека недавањето датум за почеток на формалните преговори ризикува да ги ослабне реформските сили во Албанија и Македонија.

По инсистирање на Франција, ЕУ во своето јунско коминике во врска со проширувањето рече дека при приемот на нови членки треба да се земе предвид „капацитетот на блокот за нивно интегрирање“.

Амбасадорите на ЕУ в понеделник ќе се потрудат да посредуваат за компромис пред министрите да се состанат во Луксембург во вторник, каде што треба да се донесе одлуката.

-Најновиот нацрт на одлуката, со датум на 11 октомври, кој Блумберг го видел, дава зелено светло официјалните преговори за пристапување да почнат во првата половина на следната година, но „никој не е среќен“ со текстот, според еден дипломат запознаен со состојбата, вели Блумберг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This