Poмитe гo кpeнa глacoт: Со попис без попис, peфopмaта зa пpaвична зacтапеност тpeба да нocи имe „АЛБAHCKA 3ACТАПЕНОСТ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ромите се ДИСКРИМИНИРАНИ со децении Актуелен е ПОПИСОТ, актуелен и за РОМИТЕ….но што добиваат, а што губат РОМИТЕ денес 2021 година, со ПОПИС или БЕЗ сеедно…

Во државната администрација РОМИТЕ не само што се слабо присатни, туку сосема се искључени од реформата која носи име Правична Застапеност, а треба да носи име Албанска застапеност. Причината за ова, се политиките на Албанските партии кои ги узурпираат помалите етнички заедници, не помали во бројка, туку во коалициски договори со властавм…РОМИТЕ не постојат во државната администрација, тек тук по некој како декор, украс…

Денес кога БУЏЕТОТ на државата е 4,7 миљарди евра, ромите по лошо живеат во Македонија од времето кога буџетот беше една милијарда евра…а тоа значи дека сите политики во Македонија, ги заобиколуваат РОМИТЕ, тоа значи дека РОМИТЕ како народ намаат никакви права, па дури и ги губат и тие малку права што ги имаа… Денес РОМИТЕ се сиротиња која собира пластични шишиња, просат по семафори и перат коли по сервиси за перење на автомобили, денес Ромите се дискриминиран народ во Македонија, денес РОМИТЕ не се РОМСКИ народ, денес Ромите се најголема СОЦИЈАЛНА група, РОМИТЕ скоро сите, станаа СОЦИЈАЛНО загрозени луѓе….

Дали има 1, 4, или 100 милијарди евра во БУЏЕТОТ, за Ромите е исто, РОМИТЕ се надвор од сите социјални политики, економски текови, РОМИТЕ како да не постојат за државата, а тоа е заслуга на Албанските партии и сие други партии кои ја претвараат Македонија во БиНационална држава….без РОМИ нормално.

Дали сме 136.000 како на претходните пописи…или 1 милион за нас РОМИТЕ е исто, а според евиденцијата на МВР, во Македонија живеат над 200.000 РОМИ, за нас секогаш е исто, со ПОПИС, без ПОПИС, Ромите се робови, гола работна сила за експлатација…доста беше…бадијала ќе се попишуваме, РОМИТЕ и понатака ќе гладуваат…ДОСТА БЕШЕ…мора да се организираме..

РОМ за РОМ, пишува Геге Демировски од Народна Партија на РОМИТЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This