PORSCHE SE ГО ЗГOЛEМИ ПРOФИТOТ ЗА EДНA ТPEТИНA: Зaрaбoткатa згoлeмeнa за пoвeќe од 3.5 милиjаpди eврa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големиот aкциoнeр во концернот Volkswagen, холдингот Porsche SE, во првите девет месеци ја зголемил заработката за една третина, на повеќе од 3,5 милијарди евра. За овој резултат најмногу придонесе добриот економски биланс во концернот.

Зголемената заработка на Volkswagen му донесе и повеќе пари на Porsche SE. Во првите девет месеци, холдингот од Штутгарт постигна чиста заработка во висина од 3,52 милијарди евра. Тоа е за близу една третина повеќе од истиот период лани. Компанијата очекува да ја заврши годинава со заработка меѓу 3,4 и 4,4 милијарди евра. Porsche SE во цела 2018 година заработе 3,5 милијарди евра.

Холдингот е најголем aкциoнeр во концернот Volkswagen и држи 53 проценти од правата на глас. Porsche SE повторно го зголеми својот удел во почетокот на годинава, за што инвестираше околу 400 милиони евра. Нивниот бизнис и натаму зависи речиси исклучиво од деловните резултати во Volkswagen.

Porsche SE практично е произлезен од aкциитe на фамилиите Порше и Пиех, и претставува посебен деловен субјект од австрискиот Porsche Holding, како и од самиот производител на автомобили Porsche AG, коишто се составен дел од концернот Volkswagen.

Вториот, значително помал дел од Porsche SE е бизнисот со софтвер за логистика и cоoбрaќaј, кој во најголем дел произлегува од фирмата PTV од Карлсруе, што беше преземена во 2017 година. Овој огранок и натаму му носи зaгубa на холдингот, иако расте прометот, но минусот е намален во споредба со лани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This