SAMSUNG НAЈАBИ: Пeт дo шeст милиoни тeлeфoни на прeклoпувaњe на пaзaрoт cлeднaтa гoдинa

  • November 8, 2019

По официјалното претставување на својот прв модел на преклопување, Samsung Galaxy Fold, јужнокорејската компанија најави дека планира на пазарот да испорача пет до шест милиони телефони на преклопување на пазарот следната година.

Извршниот директор на компанијата Донгџинг Кох, за време на форумот на Samsung AI во Јужна Кореја, потврди дека јужнокорејскиот технолошки гигант планира следната година значително да ја зголеми продажбата на телефоните што се преклопуваат, како што побарувачката за тој тип на уред ќе расте.

Според гласините кои неодамна кружат на интернет, Samsung планира да претстави уште еден телефон на преклоп, модел со ознака W20.

Тие телефони најверојатно ќе бидат насочени кон кинескиот пазар, иако останува можноста со моделот W20, Samsung да се обиде да настапи и нa глобалниот пазар.

Иако масовното производство на целосно употребливо тенко флексибилно стакло е сè уште далеку, сигурно ќе биде интересно да се следи развојот и изгледот на пазарот на овие уреди.

Xiaomi и Huawei, исто така се подготвуваат за натпревар на тој терен, додека од Motorola се очекува следната недела да објави нова верзија на својот култен телефон, RAZR.

Претходно «