TРАГЕДИЈА ГО ПРЕКИНА КОНЦЕРТОТ НА ПЕТАР ГРАШО: Пијан возач ја покоси публиката

  • August 15, 2016

За време на концертот на Петар Грашо во Тисна, на неколку метри од бината се случила сообраќајна несреќа кога автомобил влетал во публиката.

Во насобраниот народ со својот автомобил завршил 36 годишен маж кој бил под дејство на алкохол. Тој поради неприлагодена брзина удрил во бетонски ѕид, а потоа во 40 годишна жена која била потпрена на ѕидот и 47 годишна жена која седела на истиот. И двете се згрижени во Општата болница во Шибеник.

nesreka graso 1

По повод оваа несреќа, на Фејсбук се огласи и Петар Грашо. Тој изрази жалење и желба за брзо опоравување на повредените.

nesreka graso 2

Увидот траел до утрото, а Полициската управа од Шибенско-книнскиот регион вели дека постапката и понатака е во тек.

Претходно «
Следно »