Tинејџер освои цело богатство на Светскиот куп во “Фортнајт”, а со парите ќе купи куќа и автомобил за неговата мајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џејден Ашман, од Есекс, Англија, ќе подели 2,25 милиони долари со својот партнер од Холандија, Дејв Јонг, откако овие двајца победија на Светскиот куп во играње на мегапопуларната игра “Фортнајт”.

Неговата мајка, Лиса Далман, вели дека таа и нејзиниот син често имале кавги поради слабите оценки на Џејден во школо. Оцените трпеле поради изборот на младото момче да се занимава со гејмерство, дури Лиса еднаш го фрлила Xbox-от на нејзиниот син на под. На крајот таа морала да ја прифати ориентацијата на нејзиниот син да се посвети на гејмерска кариера.

Сега младиот Џејден се одлучил да и подари на неговата мајка еден дел од наградата, и покрај тоа што таа го спречувала да троши толку многу време на оваа игра.

“Ќе купам куќа, но немам поим каде, и можеби неколку пара “Гучи” чевли. Исто така би сакал да купам автомобил за мајка ми, бидејќи вози мал “Фиат 500”.

Лиса признава дека таа била против изборот на Џејден.

“Тој има само 15 години, па неговото училиште беше приоритет за мене. Не беше лесно. Добивав редовно повици од училиштето дека заспива на час”, вели Лиса Далман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This