April 19, 2024, 10:58 am

TРАМП ЧЕКОРИ КОН СИГУРНА ПОБЕДА: Обезбедени клучните држави, победата за Трамп се поблиску!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај водството на Флорида, држава која можеби ќе биде клучна за конечниот исход, Републиканскиот кандидат Доналд Трамп го презеде водството во уште две значајни сојузни држави, Охајо и Северна Kаролина.

rezultati_139

По околу 15 отсто пребројани гласови, Трамп има освоено околу 17 милиони гласови или 50%, додека Хилари Клинтон 15,6 милиони гласови или 46 отсто.

Според прелиминарните резултати од државите во кои тие затворањето на избирачките места, кандидатот на републиканците Доналд Трамп победи во тринаесет држави и кандидатот на демократите, Хилари Клинтон, во девет држави.

Трамп победи во Кентаки (8 изборни гласа), Индијана (11), Западна Вирџинија (5), Тенеси (11), Оклахома (7), Мисисипи (6), Јужна Каролина (9), Арканзас, Алабама, Вајоминг, Јужна Дакота, Северна Дакота и Тексас, а кандидатот на демократите, Хилари Клинтон, во Вермонт (3), Масачусетс (11), Њу Џерси (14) Мериленд (10), Колумбија (3), Делавер (3), Род Ајленд (4) Њујорк и Илиноис.

Трамп во моментов има 129, а Клинтон 97 изборни гласа. Победникот мора да добие најмалку 270 од 538 изборни гласа.

Се поизвесно е дека Трамп ќе победи на Флорида, каде по пребројани 92 проценти од гласови, републиканскиот кандидат има освоено 49,2 отсто, додека Клинтон 47,7 отсто.

florida_rez

Трамп има стабилно водство и во сојузната држава Охајо каде по 46 отсто пребројани гласови има освоено 51,1%, додека Клинтон 44,8.

ohajo

Уште една од сојузните држави која се смета за клучна, Северна Каролина, Трамп има тесно водство од 49,1 наспроти 48,4 отсто по 71 процент пребројани гласови.
karolina

 

КУРИР

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This